БлогОд височинитеЕл Капитан: Од првото искачување до денес

Ел Капитан: Од првото искачување до денес

13 Ноември 2017
Ел Капитан: Од првото искачување до денес

Ел Капитан, сон за многумина, а уште поголем предизвик за оние кои се осмелуваат да го остварат својот сон. Многу достигнувања се случиле на качувачките насоки, а и ден денес се случуваат. Едно од нив се случи токму оваа година кога Алекс Хонолд го запиша своето име во историјата со неговото прво слободно соло искачување на Ел Капитан.

El Capitan

На вчерашен ден 12 ноември пред 59 години се случило и првото искачување на Носот на Ел Капитан - најпопуларната насока. Ворен Хардинг, Вејн Мери и Џорџ Витмор својата мисија ја донесоа до успех. По 47-дневната експедициона борба, за прв пат успеаја да стигнат до крајот на насоката. Инвертарот со кои располагале качувачите во голема мера придонел во тоа тие темелно да ја истражат насоката и на крајот да успеат да ја завршат. Целиот проект траел 18 месеци.

Што се случило следно?

Второто искачување на Носот на Ел Капитан се случи две години подоцна во 1960 година. Овој пат стилот е различен од експедицијата и потребни биле седум дена за да се помине. Првото соло искачување на насоката не било многу далеку. Том Бауман успеал да го солира Носот во 1969 година. А во 1975 година се случило нешто поинакво, за прв пат оваа насока е искачена во рок од еден ден.

El Cap

Првата жена која успеала да го искачи Ел Капетан е Беверли Џонсон. Таа успеа да го помине Носот во 1973 година. Потоа уште неколку жени успеаја да ги запишат своите имиња во тефтерот на успешни искачувања.

Со текот на годините, соло качувањата на Ел Капетан продолжија. Едно од најголемите достигнувања се случи пред неколку месеци кога Алекс Хонолд го направи она што многумина го сметаа за невозможно. Тој е првиот качувач во историјата кој направи слободно соло качување на проблематичната насока без никакви средства за обезбедување. За 3 часа и 56 минути го зачуди светот со неговото достигнување.

Alex Honold
Тагови:

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре