БлогРазноДали знаете во кои земји не може да одите без повратна карта?

Дали знаете во кои земји не може да одите без повратна карта?

29 Март 2018
Дали знаете во кои земји не може да одите без повратна карта?

Дали некогаш сте размислувале да купите карта во еден правец? Самата идеја за авантура без рок на траење изгледа многу возбудливо, но во реалноста тоа е малку поинаку.

Имено, имиграционата политика на одредени земји е таква што нема да ви дозволат да допатувате во нивната земја ако видат дека имате карта за во еден правец.

Истотака, многу авиокомпании ја усвоиле оваа политика и без потврда за враќање нема да можете да отпатувате, така што идејата за совршена и неоганичена авантура паѓа во вода. Позитивната страна е дека не мора сигурно да купите повратна карта ако вашиот план е да продолжите во следната земја.

Погледнете ја листата на земји во кои никако не може да одите со карта за еден правец.

  1. Перу
  2. Велика Британија
  3. САД
  4. Филипини
  5. Индонезија
  6. Бразил

Иако многу други земји нема да ви бараат причина за вашето останување, неофицијално ќе го усвојат овој протокол. Затоа е добро да се има на ум дека повратната карта секогаш е задолжителна.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре