БлогДостигнувањаБразилката Фернанда Масиел постави женски брзински рекорд на Килиманџаро

Бразилката Фернанда Масиел постави женски брзински рекорд на Килиманџаро

10 Октомври 2017
Бразилката Фернанда Масиел постави женски брзински рекорд на Килиманџаро

Бразилската ултра-тркачка Фернанда Масиел постави нов брзински рекорд на Килиманџаро, највисоката планина во Африка. Таа се искачи на 25 септември, и не само што постави нов рекорд, туку го сруши стариот.

Пристигнувајќи во Танзанија неколку дена пред обидот, Масиел помина три дена обука на планината. Килиманџаро е сосема поинаква планина од повеќето други бидејќи планинарите поминуваат низ пет различни климатски зони на патот кон врвот, почнувајќи од обработлива површина, па низ шумски предел, потоа во висока пустина, пред да стигнат до артичките услови во близина на врвот. Подготовката за овие различни услови, особено за брзото искачување не е мала работа.

На денот на нејзиниот обид, Масиел тргна од Умбве Гејт на 1600 метри во 5 часот изутрина по локално време. Врвот (5895 мнв) го достигна околу пладне, за кои и беа потребни 7 часа и 8 минути. По стигнувањето на врвот веднаш тргна назад, стигнувајќи до Мека Гејт за вкупно време од 10 часа и 6 минути. Со ова за 2 часа и 52 минути го собори стариот рекорд што го држеше германската тркачка Ан-Мари Фламмерсфелд.

Fernanda Maciel

Подвиг како овој не е ништо ново за Фернанда. Минатата година таа постави брзински рекорд на Аконкагва во Аргентина. Таа експедиција ја заврши со кружно патување до врвот и назад за 22 часа и 52 минути. Тој подвиг таа го опишува како најтежок што некогаш го направила.

Како дел од нејзините напори да постави нов брзински рекорд на Килиманџаро, таа собра средства за Центарот за деца без родители - „Килиманџаро“. Целата операција беше исто така дел од нејзиниот проект „White Flow“, што претставува серија предизвици што таа ги поставува за себе.

Ја поздравуваме Фернанда за ова импресивно достигнување. Овој рекорд најверојатно ќе остане некое време.

Тагови:

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре