БлогДостигнувањаБорис Јаневски: Од почетник до акро пилот за 365 дена

Борис Јаневски: Од почетник до акро пилот за 365 дена

12 Јули 2017
Борис Јаневски: Од почетник до акро пилот за 365 дена

Борис Јаневски, 22 годишно момче од Скопје, кое во параглајдинг светот влезе пред точно година дена, со голема мотивација и тренинзи за 365 дена успеа да допре до акробатските маневри во параглајдингот.

Како што вели самиот, покрај талентот, почетоците биле тешки, подлежел на многу тренинзи на земја, кои се основа во овој спорт, и многу кратки висински летови. Со текот на времето летал на услови кои бараат многу добро пилотирање, така што тука биле и почетоците на основните акро маневри.

Boris Janevski

Пред неколку месеци беше препознаен од акро и мастер инстуркторот Мендо Велјановски, со што му беше понудено членство во клубот Акро Македонија.

Од 19 јули 2016 година, кога за прв пат започнал со овој спорт до денес Борис бележи значителен напредок, кој со многу волја, тренинзи и талент го постигнал до денес. Целта со неговиот напредок му е да мотивира што поголем број почетници и млади пилоти да се придружат кон овој преубав спорт.

Boris Janevski

Во прилог може да го погледнете видеото од неговите почетоци, па се до денес.

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре