БлогОд височинитеБогомилски марш 2017

Богомилски марш 2017

25 Април 2017
Богомилски марш 2017

Викендот што измина (21-23 април) по 38-ми пат се одржа Богомилскиот марш во организација на Планинско-спортското друштво „Бистра“ од Скопје. На маршот земаа учество 14 планинари од различни планинарски друштва. Истиот викенд своја планинарска акција имаше и планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје во чест на чичко Јосиф Илковски, која се одржува 14ти пат, а се оди од Чеплес до врвот на планината Китка.

Рутата на Богомилскиот марш започнува од планинарскиот дом Чеплес на 1450 метри надморска висина, каде во петокот на 21 април започнаа да се собираат планинарите. Дел од нив со организирано комбе пристигнаа во домот, а дел во сопствена режија со воз до Богомила и оттаму до Папрадиште со такси, и потоа пешки по планинарска патека до домот.

Следниот ден планинарите се упатија во искачување на врвот Солунска глава (2540 мнв.), во зимски услови, проследени со ветер и магла при пристапот до врвот, а со самото пристигање на врвот следеше растичстување на облаците, со што планинарите ги следеше убаво сончево време со повремен ветер до планинарскиот дом Караџица, каде завршуваше пешачењето за вториот ден од маршот.

Последниот ден односно недела, во 5:30 часот изутрина планинарите тргнаа кон Марков манастир, по планинарска патека од домот Караџица која спушта до Кадина река, а потоа мало искачувње и пешачење преку село Цветово до Марковиот манастир, каде следеше мала закуска, чај и кафе од организаторите.

Оттука следеа околу 3 часа пешачење и искачување кон последната точка, врвот на Водно, каде следеше убав пречек од пријатели на учесниците, членови на клубот Бистра, за да ги почестат со традиционално гравче и доделување на признанија учесниците на маршот.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/blog/bogomilski-marsh-2017#sigProGalleria63eb83efad

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре