Но зарем на човекот за тоа не му е потребна некоја скапа и комплицирана опрема?
Опремата се набавува цел живот. Добри чевли се најбитната работа и тие треба да се купат веднаш. Се друго може да се набави постепено. Поголемиот дел од луѓето веќе имаат ранец, крема за сончање, истотака, и некоја капа за заштита од сонце...
Се може да се набави постепено и доста работи луѓето веќе ги имаат по дома. Со тек на време сами ќе дојдете до заклучок што ви треба од опрема за следната тура, кога ќе набавите дел од опремата ќе ви се укаже потребата за нешто друго, воглавно немојте да брзате, опремата е прилично скапа. Посебно пак ќе се навратиме на планинарските чевли:
„Пред да ги купите мора да го проучите ѓонот, мора да биде груб и рапав, кој не лизга. Чевлите мора да бидат високи, да го држат глуждот, а не е лошо и да имаат што помал број на шевови на кои може да се раздвои материјалот“.
За мотивација и поддршка ви препорачуваме зачленување во некои од планинарските друштва и учество на планинарски школи и обуки. Главната причина е - сигурност. Со луѓето кои ги познаваат планините, знаат да ја проценат и оддалеченоста и напорот, школите и обуките даваат знаење кое на планинарот самостојно би му било потребно долго време да го стекне, со голем број обиди и промашувања.
Друг, и најважен аргумент за планинарските школи е друштвото и дружењето. Како ниту една друга активност, и планинарењето е групен спорт, во кој другите не се ни судии, ни конкуренција, ни противници, туку друштво со кое движењето во планина е поубаво.