БлогСовети8 важни совети за планинари почетници

8 важни совети за планинари почетници

22 Јуни 2017
8 важни совети за планинари почетници

Сакате да одите на планина? Во најактивната сезона за авантури во планина ви нудиме некои навистина важни совети за планинари почетници.

Забавувајте се, но не заборавајте да ја почитувате планината!

1. Однапред пробајте ги ранецот и чевлите

Токму овие два елементи од опремата можат да предизвикаат најголема непријатност, бидејќи се постојано на вас за време на пешачењето. Затоа е од исклучителна важност, тие да бидат тестирани, дали ви се удобни пред да го фатите патот кон шумата.

2. Исклучете го вашиот мобилен телефон ако немате мрежа

Смартфоните деновиве имаат повеќе функции кои можат да бидат од корист кога сме во планина. Често мрежата се губи и од корисен уред станува непотребен багаж. Затоа е подобро да го исклучите и да ја заштедите неговата батерија за итни случаи. Носењето на дополнителна батерија исто така нема да ви е лоша идеја.

3. Носете повеќе храна

Сите знаеме колку брзо се огладнува на планина и затоа нема да е лошо секогаш да имате повеќе храна. Ова може да ви овозможи спонтано да направите подолг престој, да каснете повеќе или да помогнете на друг планинар доколку има потреба.

4. Учете од грешките на другите

Краткото проучување може да ви ги подобри планинарските вештини и знаења, дури и пред да тргнете. Во денешно време има многу извори на информации, па со неколку кликови планинарите почетници можат да имаат корист од советите на поискусните во оваа област.

5. Подгответе се за променливо време

Секогаш бидете исклучително внимателни кога станува збор за изборот на најсоодветна облека! Времето во планина е променливо и колку и да звучи чудно, често хипотермијата е поголема закана во лето отколку во зима - само и единствено затоа што планинарите тргнуваат неподготвени.

6. Влезете во форма

Да сте во форма пред да тргнете на долг пат не само што ќе ви го направи искуството попријатно, туку и ќе го намали ризикот од повреди. Затоа најдобро тренирајте често.

7. Земете свирче и кибрит

Со три свирнувања може да сигнализирате дека сте во неволја. Кибритот пак може да ви помогне да запалите оган, ако сакате да приготвите нешто или да се загреете.

8. Известете некој близок каде точно ќе одите

Дури и да не планирате екстремно искуство во планина, препорачливо е да кажете на некој близок во кој регион ќе правите обиколка. Исто така посветете малку повеќе време за маршрутата која сте ја одбрале за да не ве фати ноќ пред да стигнете до крајната цел.

Тагови:

Настани

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре