БлогСовети8 причини зошто да патувате со најдобриот пријател

8 причини зошто да патувате со најдобриот пријател

26 Јуни 2017
8 причини зошто да патувате со најдобриот пријател

Да патувате е прекрасно, а уште поубаво ако патувате со вашиот најблизок пријател. Еве зошто.

1. Планирањето е толку возбудливо

Eдeн од најдобрите делови на патувањето е фазата на планирање, а уште позабавно е кога го правите со вашиот најдобар пријател. Заедно дискутирате буквално за сè - од облека до сите места кои сакате да ги посетите.

2. Дури 36 часа патување со автобус може да биде забавно

Дури и да сте на досаден долг пат кога сте со вашиот најдобар пријател времето како да лета. Толку сте навикнати да се забавувате заедно што дури долгите деноноќија во патување ќе најдете начин да ви е пријатно.

3. Пакувањето на багажот е полесно

Кога патувате со вашиот најдобар пријател можете да се договорите кој што да носи од предметите кои и на двајцата би ви биле потребни за време на патот. Тоа остава повеќе простор за личен багаж и дефинитивно го прави патувањето полесно.

4. Најдобриот пријател знае каква слика да ви направи

Да, ова дефинитивно е човекот кој знае како да ве слика, да изгледате добро на сликата од 1-2 обиди. А, дури и да не се добри, нема да ви е срам да побарате да ви направи уште 10-тина фотки.

5. Фер сте еден со друг

Бидете искрени за се еден со друг за време на патот и бидете сигурни дека тој/таа нема да се двоуми да ви влее здрав разум во главата кога е потребно.

6. Слободно може да разговарате за пари

За време на пат парите се важна тема, за која сепак никој не сака да се осврнува. Затоа патувањето со вашиот најдобар пријател е огромна предност - пред него/неа вие нема да се плашите да кажете ако некоја активност или место не се за вашиот џеб. А најубав дел од сето тоа е дека ќе бидете сигурни дека тој/таа нема да има проблем да се сложи со вас.

7. Нема да имате ништо против компромисите

Најдобриот пријател ве познава исклучително добро и ќе се потруди да ве направи среќен, дури и ако треба да се направи мал компромис. Вие би го направиле истото, нели? Токму затоа, кога сте заедно, се чувствувате толку слободни и среќни!

8. Ќе го зајакнете односот помеѓу себе

Конечно, но не на последно место - патувањето со најдобриот пријател неизбежно ќе ги зајакне врските меѓу вас. Новите искуства и емоции ќе ве натераат да се цените еден со друг уште повеќе и да започнете да размислувате за вашата следна заедничка авантура.

Тагови:

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре