БлогСовети5 практични работи за секој планинар

5 практични работи за секој планинар

11 Април 2018
5 практични работи за секој планинар

Планинарите се практични луѓе. Секако дека се - на кој би му дале да носи непотребни работи на грбот или во раце? Но, овие пет корисни и забавни работи секој планинар може да ги понесе со себе, а на планина ќе му бидат од корист или ќе го успоруваат.

Чорапи за планинарење

Од обичните чорапи се разликуваат по засилените подрачја на чорапот, воздушните делови кои ја пропуштаат потта, материјалот кој го намалува триењето и ја намалува можноста за настанок на плускавци, и општо, прилагодувањето на планинарите. Смислени се не само да ги заштитат вашите стапала од напор, туку и да ви пружат најголема удобност.

Компактен сет за прва помош

Секогаш е добро со себе да имате сет за прва помош кога сте оддалечени од цивилизација, но обично проблемот е непрактичноста. Но, постојат сетови кои се компактни и нема да ви заземат многу место. Едноставно ги прицврстувате за вашиот ранец.

Паметна ракавица

Љубителите на технологијата и гаџетите ќе уживаат во податоците кои ги пружа оваа ракавица: број на чекори, помината дистанца, согорени калории... Паметната ракавица ќе ја мери вашата активност и податоците ќе ги праќа на вашиот телефон.

Монокулар

Една од најважните работи кога одите на планина со децата е да ја одржите нивната занимација во авантурата во која сте тргнале. Монокуларот е одличен алат за тоа - децата ќе можат да ја набљудуваат природата, животните, далечните врвови... едноставно ќе го користат, а да не ви остане во џеб.

Изотермална навлака за бидон

Замислете ситуација - пешачите по сонце и застанувате под сенка малку да се одморите. Вадите боца или бидон со вода, почнувате да пиете, а водата е топла. Изотермалната навлка за бидон е одличен начин водата да ја одржите студена и во текот на високите температури. Но и обратно - да ја задржите топлината на чајот или кафето кое сте го понеле, посебно кога планинарите во студено време.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре