БлогРазно1300 километри со велосипед долж Јадранот

1300 километри со велосипед долж Јадранот

28 Јуни 2017
1300 километри со велосипед долж Јадранот

Кон крајот на наредниот месец, Војислав Гушевски и Горан Величковиќ, тргнуваат на една несекојдневна и необична авантура на велосипед. Ја нарекуваат Via Adriatica, рута која ќе ја возат од главниот град на Словенија, Љубљана, па преку целото Јадранско приморје, преку поголемите хрватски и црногорски градови, преку Шкодра (Скадар) и Тирана во Албанија, се до македонскиот бисер, Охрид.

Војислав и Горан се колеги, работат во училиштето Св. Кирил и Методиј во Скопје, а љубовта кон спортот на две тркала ги спојува уште поблиску. Веќе имаат извозено многу тури заедно, последно, големата кружна тура околу централна и западна Македонија за Велигден, нарекувајќи ја „Велигденска”.

Via Adriatica

Војислав вели дека Via Adriatica е планирана уште од пред неколку години. Се чекал само вистинскиот момент да ја оствари. После турите низ Германија, Италија, Словенија, Србија, Грција, време е да се направи и една приморска, летна тура. Не само што не ја гледаат само како забава и возење, Војислав вели дека ова ќе биде и еден убав летен одмор за двајцата. По должина голема (околу 1300км), турата е вистински предизвик за физичката но и за психолошката издржливост на еден велосипедист, пред се, затоа што ќе се одвива на топлото августовско сонце во Хрватска.

Морето и чистиот воздух, ќе им олеснат во борбата со големите жештини. Ќе поминат и ќе уживаат по целото јадранско приморје, и ќе ги посетат поголемите и помалите градови и селца, кои долж Јадранот имаат посебна убавина и драж. Започнуваат во Љубљана, од каде следува Опатија, Ријека, Задар, Сплит, Макарска, Дубровник, Будва, Скадар, Тирана, и сите мали местенца помеѓу нив.

Им посакуваме многу забава, чисто небо и ветер во грб на овие двајца ентузијасти.

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре