АктивностиПланинарење

Откријте ги тајните на нашата убава земја и почувствувајте ја традицијата на нашиот народ, а тоа би го направиле со патување во срцето на недопрената природа, со искачување на стрмни карпести вертикали, истражувајќи ги густите шуми, бескрајните рамнини и остри планински сртови и високи врвови, посетувајќи ги кристално чистите глацијални езера, спиејќи под ѕвезденото небо и топлите зраци на утринското сонце...

Нашата земја нуди скриени богатства за сите баратели на вистинска авантура, од оние со рекреативни апетити, како и за оние со екстремни желби за искачување на карпести и неистражени вертикали, на замрзнати водопади и километри долги планински патеки идеални за пешачење или турно скијање.

Во соработка со планинарскиот клуб „МАКЕДОН“ Ви нудиме прошетки и искачувања на планинарски врвови низ Македонија со лиценцирани водичи.

Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство.

На линкот подолу може да се информирате за следни акции организирани од клубот, како и годишната програма на нивниот сајт.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/aktivnosti/planinarenje#sigProGalleria5f1ceb7b6e

Други активности

PrevNext
Оди најгоре