АктивностиПараглајдинг

Параглајдерството е еден поинаков начин на доживување на просторот околу нас, а можеби и летањето под небото е она што вашиот лекар ви препишал за вашиот одмор.

Прекрасните планински масиви и гребени низ широките долини и езера, особено со високо активните топлински воздушни струи овозможуваат долги летови и по неколку часа во воздух.

Ова е земја која живее со мирисот на чистата и недопрена природа. Освојте го небото заедно со искусните тандем пилоти на Акро Македонија. Нека биде тоа вашата цел!

Искусните тандем пилоти ќе ви помогнат да ги совладате техниките на летање во тандем, кој претставува најбрз и најсигурен начин да се доживее параглајдерството за прв пат.

Параглајдерството во Македонија се промовира и регулира од страна на Воздухопловната федерација на Македонија, членка на Меѓународната федерација на спортови.

Отворете се за нови пријателства и незаборавна забава. Со нас авантурата никогаш не запира, придружете ни се и започнете ја авантурата денес.

Во соработка со параглајдинг клубот Акро Македонија Ви нудиме тандем летови од секој летачки терен во Македонија.

Тимот на Акро Македонија организира тандем летови како за возрасни така и за деца. Тандем летовите за деца од 4 до 8 години се на школски терени, а над оваа возраст се лета на сите терени како: Водно, Скопска Црна Гора, Попова Шапка, Мечкин Камен и Галичица.

За овој вид летање не ви се потребни посебни подготовки. Прво што треба да направите е да букирате лет. Пред летот ќе имате краток брифинг, да се запознаете што ве очекува за време на полетување, летот и слетувањето. Летот ќе биде сниман со GoPro камера.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/aktivnosti/paragliding#sigProGalleriaa1c1066547

Параглајдинг настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Други активности

PrevNext

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре